Истрели, денеска после пладне, се слушнале во близина на Смилковското езеро.
Од МВР за Курир велат дека случајот кај нив е пријавен во 13:25 часот.
-Граѓанин пријавил дека додека ловел риба на Смилковско езеро, забележал три лица како излегле од патничко возило „пежо 106“ и едното од нив извадило огнено оружје со кое испукало неколку истрели во воздух, информира МВР.
Лицата потоа влегле во автомобилот и си заминале.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата