logo
logo
logo

ПУКАЛ КАЈ БИТПАЗАР заради сообраќајна расправија

Vecer | 13.08.2022

ПУКАЛ КАЈ БИТПАЗАР заради сообраќајна расправија

На 12.08.2022 во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, физички го нападнало Р.Д.(36) и испукало со пиштол, информира МВР.

Р.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

-Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, по преземени активности сторителот е идентификуван и станува збор за Н.М.(35), обезбедени се сите докази против него и распишана е потерница, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk