logo
logo
logo

Првпат во историјата на македонското здравство направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор

Vecer | 17.04.2021

Првпат во историјата на македонското здравство направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор


На Клиниката за ортопедски болести рано утрово првпат во историјата на македонското здравство беше направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор, соопшти Министерството за здравство.

Станува збор за случајот со починатата 21-годишна девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.

„Откако заврши експлантацијата на срцето и бубрезите, тимот лекари од клиниката експлантираше повеќе делови од коски и меки ткива кои сега веќе се презервирани во Отсекот за експлантација, презервација, складирање и трансплантација на меки и коскени ткива при ЈЗУ ЗА ТОАРИЛУЦ, Универзитетска Клиника за ортопедски болести“, се наведува во соопштението.

Веќе наредната недела е планирана апликација на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег, отстранет пред 12 години.

Листата на реципиенти на коски и меки ткива се пациенти коишто страдаат од коскен или мекоткивен дефект настанати како последица од тумор, траума, претходен оперативен зафат, вродени аномалии, и е исклучиво динамична и се надополнува од ден во ден.

Од МЗ велат дека ткивата од еден донатор може да го подобрат животот на над 70 други личности, а на некои од нив и да го спасат.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk