logo
logo
logo

Прво СУДАР, па ЌОТЕК! Инцидент во Центар

Vecer | 01.12.2021

Прво СУДАР, па ЌОТЕК! Инцидент во Центар

Скопјанец пријавил дека сограѓанин прво го удрил со возилото, па потоа и почнал да го тепа, а се се случило пред кафуле во Центар.

Имено, на 30.11.2021 во 19:30 часот во СВР Скопје Н.Р.(31) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде бил паркиран со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, бил удрен од патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш., со кого се познавал од претходно. Според пријавеното, подоцна бил и нападнат со дрвени предмети од две лица кои биле во возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk