logo
logo
logo

Милошоски

„Прво ни се случи скандалот со Фрчковски, потоа скандалот со Теута Арифи“

Vecer | 11.05.2022

„Прво ни се случи скандалот со Фрчковски, потоа скандалот со Теута Арифи“

Прво, ни се случи скандалот со амбасадорот Фрчковски, потоа ни се повтори скандалот со кандидатот за амбасадор Теута Арифи. И затоа сметам дека односот кон овој предлог закон нема само да го покаже односот на Талат Џафери кон Деловникот како претседател на Собрание туку ќе го покаже и односот на Талат Џафери како функционер на ДУИ, кон Теута Арифи во случајот“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната пленарна седница во Собранието на Република Македонија.

Милошоски додаде дека заедно со пратеникот Ковачки предложиле во Законот за надворешни работи да се додаде еден став кој што ќе каже дека излагањето на тезите пред Комисијата за надворешна политика во Собранието е задолжителен дел пред преземањето на амбасадорската должност.

„Ние предлагаме за да не ни се случуваат вакви скандали каде што одбиени амбасадори како Фрчковски, изигрувајќи го Законот со потпис на претседателот се упатуваат во меѓународни организации и тоа е хендикеп за дипломатијата и за државата, предлагаме со пратеникот Ковачки во членот 39 од Законот за надворешни работи да се додаде само еден став кој што ќе каже дека излагањето на тезите пред Комисијата за надворешна политика во Собранието е задолжителен дел пред преземањето на амбасадорската должност. И затоа сметам дека овој Закон треба да се разгледува по итна постапка. Вие веќе сте го доставиле до пратениците и сметам дека секој ќе може да има увид“, појасни Милошоски.

Милошоски посочи дека овој предлог закон да се стави како 11-та точка на Дневниот ред за да се усвои побргу бидејќи е итен.

„И предлагам за да не биде повторно изиграна процедурата и кандидати како Теута Арифи кој што ги одбил Брисел или ЕУ повторно да бидат кандидати некаде за амбасадори и да заминат со потпис на претседателот Пендаровски, овој предлог закон да биде ставен како 11-та точка на Дневниот ред да се дополни за да можеме побрзо да го усвоиме бидејќи не е обемен. Но сепак овој предлог закон е итен“, нагласи Милошоски.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk