logo
logo
logo

Прво ќе се консултира, па потоа Владата ќе реши дали ќе ги објави имињата на „тајните“ хонорарци

Vecer | 07.04.2021

Прво ќе се консултира, па потоа Владата ќе реши дали ќе ги објави имињата на „тајните“ хонорарци

Не исклучуваме можност, во консултација со со надлежните институции за заштита на лични податоци и за пристап до информации од јавен карактер и ако е дозволено, во духот на трансарентноста, ќе ги објавиме имињата на сите тие лица што веќе се ангажирани како хонорарци во Владата.

Вака денеска одговори владиниот портпарол Мухамед Хоџа на новинарско прашање дали Владата ќе ги објави имињата на ангажираните хонорарци, за кои објави „Призма“.

Хоџа инсистираше на тоа дека тие не се тајни ниту анонимни, туку се ангажирани според одредби за лица од надвор со специфични ангажмани, но притоа не кажа за какви ангажмани се работи.

„Нема ниту тајни, ниту анонимни хонорарци, ниту тајно ангажирани административни службеници. Точно се знае за што Владата ангажирала физички лица надвор од редот на вработените, за кој временски период, со колкав финансиски надомест. Тие ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост. Тоа се специфични ангажмани кои не може да се реализираат од редот на вработените и за нив не може да се отвори редовен работен однос и затоа се ангажирани привремено“, одговори владиниот портпарол.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk