logo
logo
logo

Првите контејнери со линдан од Охис тргнаа кон Солунското пристаниште од каде ќе се транспортираат во Франција

Vecer | 05.07.2022

Првите контејнери со линдан од Охис тргнаа кон Солунското пристаниште од каде ќе се транспортираат во Франција

Првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок по 22 до 26 тони, вчера попладне излегоа од Охис и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција. Со ова започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од поранешниот индустриски гигант Охис, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Како што беше посветено посебно внимание на безбедноста на самиот процес на ископување на линаданот и неговите изомери складирани во малата депонија на поранешниот гигант Охис, исто така координирано, прецизно и крајно внимателно, со особено залагање на искусни професионалци кои си ја знаат својата работа до најситен детал, беше извршана подготовката за транспорт што подразбира пакување и товарање и самото транспортирање, посочија од Министерството. Целиот процес, како што информираат, се водеше со посебна внимателност и почитување на меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска конвенција и сега е најважно оваа пратка да стигне безбедно до крајната дестинација. Во наредниот период уште 20 контејнери ќе бидат товарени и транспортиртани од државата со што завршуваат активностите опфатни со ГЕФ проектот што се реализаира преку УНИДО. Но, ископот во континуитет ќе продолжи со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС во сорабoтка со UNOPS, стои во соопштението од МЖСПП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk