logo
logo
logo

Првиот Меѓународен форум за градоначалници на Универзитетот за туризам и менаџмент со конкретен резултат!

Vecer | 16.08.2022

Првиот Меѓународен форум за градоначалници на Универзитетот за туризам и менаџмент со конкретен резултат!

Како што објави Општина Битола на своја официјална страница на Фејсбук, делегација на градот Бат Јам од Израел, преводена од заменик-градоначалникот Ури Бускила, престојуваше во работна посета на општината. При посетата, тој оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски, по што најави дека двата града ќе започнат иницијатива за збратимување, на задоволство на жителите и на бизнис-заедницата во двата града. На средбата, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека заедничкото минато на градот Битола со еврејската заедница е неразделив дел од неговата историја. Бат Јам е медитерански град, во кој живеат битолски и македонски семејства што се доселиле во градот во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Вечерва, во рамките на Бит фест, во Офицерскиот дом, преку музичка и видео разгледница наречена „Бат Јам – ќерката на морето“, ќе биде претставен овој израелски град, со што битолчани ќе добијат поширока слика за медитеранската ќерка на морето. Градоначалникот на Бат Јам, г-н Цвикa Брот, беше гостин на Првиот меѓународен форум за градоначалници, организиран од Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје на почетокот на јуни оваа година. На самиот форум, како и во своето ексклузивно интервју за Магазинот за туризам и менаџмент на Универзитетот, тој им порача на своите колеги да ги согледаат работите низ очите на жителите, зашто креаторите на политиките, јавните службеници и избраните функционери не знаат секогаш сè. Тој истакна дека еврејскиот народ и Израел како земја имаат долга историја, па оттука зачувувањето на историјата им е особено важно. „Да не заборавиме што се случило во минатото, да ја зачуваме нашата разновидна култура и да учиме од минатото за да се развиваме и да имаме корист за иднината“, изјави градоначалникот на Бат Јам во своето ексклузивно интервју за јунскиот број на магазинот

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk