Првични претпоставки за СТРАВИЧНАТА несреќа кај Лесковац

Три лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи околу 1 час и 45 минути по полноќ на автопатот Лесковац-Ниш, на исклучувањето кај Пецењевци, кога македонскиот автобус што се движеше од Скопје до Белград излетал од патот и се превртел. .

Како што се претпоставува, несреќата се случила како резултат на неприлагодена брзина, јавуваат српските медиуми.

Автобусот се движел околу 98 км/ч на завеан пат. Извршен е увид, а на возачот кој е сериозно повреден му е наредено задржување. 

Освен од Лесковац, во спасување на повредените помагале и тимови на брза помош. 32 лица се повредени, а 28 лица се пренесени во болницата во Лесковац, додека 4 лица беа однесени во болницата во Ниш.

Фото: југмедиа

Поврзани

Најнови вести

Коментари