logo
logo
logo

ПРОВОКАЦИЈА ВО СТИЛОТ НА КАРАКАЧАНОВ: На Европското првенство навивам за вториот тим на бугарската држава

Vecer | 19.06.2021

ПРОВОКАЦИЈА ВО СТИЛОТ НА КАРАКАЧАНОВ: На Европското првенство навивам за вториот тим на бугарската држава

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија и претседател на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, во ТВ-емисијата „Бугарија 24“ призна дека е навивач на македонската репрезентација на Европското првенство во фудбал.

– Секако, затоа што тоа е репрезентација на другата бугарска држава. Факт е дека Заев и другите политичари не сакаат да ја признаат историската вистина, но на крајот тие се наши сонародници. И, ако нашата репрезентација не може да се пласира на Европското првенство, секако дека ќе ја бодрам другата репрезентација на Бугарија. А, за кого треба да навивам, за Турција ли? – иронично одговори Каракачанов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk