Протести: Oвие улици се затворени вечерва

Пред Собранието на Република Македонија вечерва се одржува протест на неколку здруженија поради договорот за менување на името што вчера го соопшти премиерот Зоран Заев.

Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври", а затворени за сообраќај беа и околните улици. Парламентот го штитеше полиција. Насобраните од здуженијата Семакедонски национален совет - Македониум, Христијанско братство и од навивачи Комити извикуваа „Едно име имаме - Македонија" и „Оставка" и пееја патриотски песни.

Страшо Олумчев, претседател на Семакедонски национален совет - Македониум за медиумите изјави дека се собрале спонтано и дека собирот е израз на револт за она што се случи вчера.

Потенцира дека право за одлука за национални прашања има само македонскиот народ и никој друг и дека денешниот собир е само предупредување.

- Со прес-конференцијата Зоран Заев го навлече бесот на македонскиот народ. Се договоривме веднаш да илеземе на улица и да протестираме. Заев ја помина линијата до каде што може да оди, без разлика дали е премиер или не. Со ова се плука на АСНОМ-ска Македонија, се плука на Уставот на Република Македонија, изјави Олмчев, според кого не треба да има референдум затоа што, рече, се знае кои се идентитетот и името. Повика дека се уште има простор и време премиерот Заев да се откаже од договорот, додека не се ставени потписи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари