logo
logo
logo

„Оваа власт наводно се бореше против Скопје 2014, за ни го сервира Скопје 2021“ - Протест против високатниците кај Холидеј ин

Vecer | 06.12.2021

„Оваа власт наводно се бореше против Скопје 2014, за ни го сервира Скопје 2021“ - Протест против високатниците кај Холидеј ин

Обвинителството има моќ многу поголема и апелирам за побрзо расчистување на предметот и создавање на една вистинита приказна и можеби разоткривање на одредени коруптивни односи врзани за овој случај, рече архитектот Даница Павлоска на протестот против висококатниците во центарот на С Според неа, овој проблем ги истакнува слабостите на правниот систем и притоа гради култура на непочитување на државата.

- За можноста на суспензија и распишување на конкурс за овој дел – тоа се алатки кои законот ги предвидува, но по кој пат ќе се оди зависи од ставот на Јавното обвинителство и генерално од политичката волја бидејќи се работи за повеќе политички субјекти. Не се работи само за суспензија како инструмент, туку и за преиспитување на целата таа процедура за носење на планот и целата документација, порача Павловска.копје.

Висококатниците кои треба да се изградат на паркингот спроти Градскиот трговски центар ќе доведат до поголемо загадување, а овој предел ќе биде најгусто населен регион во светот и ќе има крајно нехумани услови за живот, порачаа „Зелен хуман град“ и граѓанската иницијативата „Шанса за Центар“ на вечерашниот мирен протест пред Основното Јавно обвинителство.

Тие испратија порака до Јавното обвинителство, иницијативата која е поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата по однос на изградбата на висококатниците конечно да има завршница.

Од мај годинава досега тие немаат никакво известување за јавноста односно никаков напредок во предметот. Ако сакаме да спречиме корупција, ако сакаме да спречиме злоупотреба и оштетување на граѓаните во оваа земја, едноставно не може органите на државата да постапуваат на овој начин и да ги штитат инвеститорите. Не смеат да го штитат крупниот капитал, а да работат на штета на скопјани. Оваа власт наводно се бореше против Скопје 2014, но изгледа за да може да ни го сервира Скопје 2021, истакна активистката и советничка во Град Скопје Драгана Велковска.

На протестот беше истакнато дека постои сомнеж за корупција и злоупотреба на службената положба.

Она што почнува да се гради спроти Холидеј Ин според Државната комисијата за спречување корупција е нелегално, постои сомнеж за злоупотреба на службената положба, постои сомнеж за корупција. Никој не знае како Министерството за транспорт и врски во 2018 продало над 9.000 квадратни метри државно земјиште во време кога ДУП-от не се спроведува за таа парцела. Ние ги бараме тие одговори и од Министерството за транспорт и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, додаде Велковска.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk