Протест пред домот на Мукоски: Со свеќи и оро му порачаа да не го менува името на државата

Со запалени свеќи и патриотски песни, вечерва се протестираше пред домот на пратеникот Крсто Мукоски кој во Собранието гласаше за отпочнување на процесот за уставни измени. Со автобус од Скопје, партијата Единствена Македонија транспортираше голем дел од демонстрантите, а присутни беа и жители на Вевчани, каде што живее Мукоски.

Откако демонстрантите пристигнаа, Мукоски ги пречека и дел од нив влегоа во неговиот дом, а останатите играа оро пред куќата со свеќи во раце.

Протестот е дел од кампањата на „Македонија блокира“. Демонстрантите пред домот на Мукоски пееја „Едно име имаме” и му порачаа да не го менува името на државата.

Во сабота „Македонија блокира” ќе одржи протест и пред домовите на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кои исто така дадоа поддршка за почнување на процесот за уставни измени. Тројцата пратеници се обвинети и за крвавиот четврток на 27 април во Собранието.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари