logo
logo
logo

ПРОТЕСТ НА ВМРО-ДПМНЕ:

Во потрага по провизии Заев и Филипче ги оставија граѓаните без вакцини, на совест ќе ги носат починатите во изминативе три месеци

Vecer | 27.03.2021

Во потрага по провизии Заев и Филипче ги оставија граѓаните без вакцини, на совест ќе ги носат починатите во изминативе три месеци

Денес на протестот кој што се одржа пред Министерство за здравство, во организација на Градскиот Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Здравје, а не провизија“ се обрати Кирил Пецаков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

При своето обраќање посочи дека неспособноста на Венко Филипче се одразува врз здравјето и животите на граѓаните во Македонија.

-После година дена битка со КОВИД-19, можам да заклучам дека државата е во тотален хаос поради оваа власт, како економски така и во здравствен хаос. Влеговме во оваа битка директно изложени заедно со колегите без доволно опрема и без она што треба да претставува масовно тестирање, за после година дена да имаме буквално распад или на неспроведување на она што е за нас најпотребно во овој момент, а тоа е масовната имунизација. А, која што во моментов не само во светот туку и кај нашите соседи се одвива со убрзано темпо и е во напредна фаза, рече Пецаков.

Пецаков додаде дека Македонија до сега, за овие четири месеци има набавено нула вакцини. А, што е најтрагично се уште не може да се заврши со имунизација на здравствените работници и она што треба да претставува прва борбена линија во борбата со КОВИД-19.

-Директно на совеста на Заев и Филипче заради нула набавени вакцини се и големата бројка на починати во изминативе три месеци. Реално Заев и Филипче треба да ја понесат одговорноста. Меѓутоа тие не понесуваат ниту морална одговорност. За тоа е потребно и да имате љубов кон својата држава, љубов кон својот народ, кои што тие во овие четири години константно ни докажуваат дека се далеку од љубов кон својата татковина и народ, нагласи Пецаков.

Пецаков посочи дека ВМРО-ДПМНЕ да беше на власт ќе имаше набавено досега вакцини и населението ќе започнеше со имунизација.

-Власта нема набавено вакцини затоа што им беа побитни провизиите со фантом фирмата во Хонг Конг. Власта се обиде да набави вакцини по дупло поголеми цени, појасни Пецаков.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=GsIlNnL7LJI[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk