Протест на Македонците во Канада (ВИДЕО ВО ЖИВО)

Повеќе сторини граѓани и денеска протестираат во Канада, односно во Торонто против законот за двојазичност и промена на Уставното име на РМ. 

 

 

Повеќе стотини луѓе денес се собраа пред зградата на Владата за да го искажат својот револт против новиот Закон за употреба на јазиците.

Тие му порачаа на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, да не го потпишува указот, за, како што рекоа, да не се воведе „двојазичност во Македонија".

Синоќа имаше протести против донесувањето на Законот и пред домовите на неколку пратеници од СДСМ, а протест со исти пораки одржаа и дел од македонските иселеници во Калгари, Канада.

Македонците во Калгари, градот каде што во 1988 беа одржани Зимските олимписки игри, одржаа протестен митинг.

На протестот беше упатен проглас во кој се осудува Законот за јазиците кој што создава нови делби и меѓуетнички тензии во земјата.

Во прогласот прочитан од македонскиот активист Сашо Маневски се бара и прекин на преговорите за името во ОН.

"Ние, собраните Македонци кои живемее во Калгари, Канада, најостро го осудуваме изгласувањето на законот за јазиците знаејќи дека истиот ќе го продлабочи јазот и етничките тензии помеѓу Албанската заедница и остатокот на Македонското општество.

Исто така, бараме од Македонската влада итно да ги прекине преговорите за името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, зошто истите ги кршат македонските чоковекови права за самоидентификација и го презира дигнитетот и достоинството на Македонската нација каде и да сме.

Затоа, бараме Македонската влада да изнајде алтернативни решенија кои ќе резултираат со влез во Обединетите Нации на Република Македонија под нашето Уставно Име.

ДА Живее Македонија!", се вели во прогласот што можете да го видите на видеото подолу.

Калгари е град во Канадската покраина Алберта.

Поврзани

Најнови вести

Коментари