Протест и пред куќата на Фросина Ременски

Група граѓани вечерва протестираат пред куќата на пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски во скопско Бардовци. Полиција го обезбедува домот на Ременски, каде група насобрани граѓани го искажуваат незадоволството кон пратениците на СДСМ, кои што неделава гласаа за донесувањето на законот за употребата на јазиците, на што жестоко се противи опозицијата.

Претходните два дена протести имаше и пред домовите на неколку други пратеници од редовите на СДСМ, а беше запален и  автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари