logo
logo
logo

„Простачко и расистичко однесување“: ДСР бара јавна осуда по навредите и инцидентот на бугарска граница

Vecer | 04.02.2023

„Простачко и расистичко однесување“: ДСР бара јавна осуда по навредите и инцидентот на бугарска граница

И денес на одбележувањето на 151 годишнината од смртта на Гоце Дечлев, не се пропушти, а да не се навреди Ромскиот заедница во Македонија. На видеото што се појави низ медиумите, јасно се гледа како Бугарски граѓани и новинари на граничниот премин Деве Баир, со висок тон и недолични зборови се обраќаат кон припадниците на македонската полиција со зборовите: „САКАМ ДА ОТИДАМ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, А ВИЕ ТУКА ЦИГАНИ МИ ПРАВИТЕ ПРОБЛЕМ ДА ВЛЕЗАМ“, се наведува во реакцијата на ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ – ДСР. -Партијата ДСР, силно го осудува ваквиот недоличен начин со простачко и расистичко однесување од страна на Бугарскиот граѓанин, но и на било кој поединец кој се обидува да ја навреди Ромска задница. Очигледно Ромите се споменувани само во лоша конотација, а во последно време тоа е се почесто. Со оглед на тоа дека во Македонија се иницира влез на Бугарите во уставот на Македонија, бараме јавна осуда на овој настан и ова однесување од страна на Љатифе Шиковска, која е пратеничка во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ. Бараме јавно да се огради од гласање на уставните измени, поради навредата која е направена кон Ромскиот народ, велат од партијата. „Исто така, очекуваме во одбрана на своите сограѓани Роми, да застанат и Министерот за надворешни работи, г-динот Бујар Османи и премиерот г-динот Димитар Ковачевски, како и сите Ромски партии кои се во коалиција со актуелната влада, бидејќи Ромите се составен дел од оваа држава. Од ова видео јасно се гледа како Бугарскиот народ и држава ги третираат и навредуваат Ромите со ширење на национално – фашистичка омраза, за жал во XXI век“ – велат од ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk