logo
logo
logo

Во Тетово си правеле СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА ВО КАФАНА и покрај забраните

Vecer | 13.03.2021

Во Тетово си правеле СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА ВО КАФАНА и покрај забраните

И покрај забраните за организирање на прослави, сепак дел од граѓаните се одлучуваат да ги игнорираат истите и да направат веселба. Полицијата растурила семејна веселба во Тетово, организирана во угостителски објект каде имало околу 40 лица.

- На 12.03.2021 во 18,30 часот од полициски службеници од СВР Тетово заедно со со инспектори од Државен пазарен инспекторат Тетово била извршена контрола  во угостителски објект во Тетово, каде било утврдено дека во објектот имало организирано семејна веселба и имало присутни околу 40 лица, велат од МВР

Оттаму додаваат дека лишен од слобода е И.Б.(38) од Тетово, управител на објектот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ на РСМ.

По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk