logo
logo
logo

Проширена истрагата за Рашковски! Спорна е набавка од 290 илјади Евра!

Vecer | 06.05.2021

Проширена истрагата за Рашковски! Спорна е набавка од 290 илјади Евра!

Истрагата за поранешниот Генерален секретар се проширува. Овој пат за антикорупционерите спорна е набавка од над 290 илјади Евра. Овие набавки не се поврзани со набавките на софтверот за кои кривично се гони Рашковски туку се однесуваат на купување на камери, подвижни кабини, држачи за камери како дополнителна опрема за софтверот.

„Ние остваривме работна средба со обвинитетелот што го води предметот во Јавното обвинителство за Рашковски. Сè што имаме обезбедено документација, бидејќи ние дефинитивно постапивме пред тие да отворат предмет и добивме некои документи, заеднички ги погледнавме. Се договоривме сè што имаме како известување и допоис до нив да доставиме“, рече Катица Николовска, член на ДКСК.

Отворен е и предмет против новоизбраната претседателка  на Судскиот совет, Павлина Црвенковска. Од неа побарале да достави дополнителни податоци за членовите на нејзиното семејство, посебно за кредитот што нејзиниот сопруг го имал во Еуростандард банка. Бидејќи  претседателката на Судскиот совет во анкетниот лист  нема доставено матичен број на нејзиниот сопруг и не навела кои се членови на нејзиното семејство за да можат сите да бидат опфатени со истрагата постапката е закочена.

„Мораме најпрво да се обратиме до претседателката да ни каже кои се членови на нејзиното семејство за да можат сите тие да бидат опфатени. Во анкетниот лист што таа го има доставено, нема матичен број на нејзиниот сопруг. Сега мора да чекаме матични броеви, тие броеви да се потврдат од МВР и понатаму да си одат постапките по ред“, рече Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциска комисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk