logo
logo
logo

АА

“Прорусите заедно ја слават 20-год. од ДУИ и 70-год. на Кадиров“

Vecer | 22.05.2022

“Прорусите заедно ја слават 20-год. од ДУИ и 70-год. на Кадиров“

Тие кои имаат полна уста со реторика за интеграции и обвинувања кон другите за Русија, се демаскираа на најскандалозен начин.

Во пресрет на 20-годишнината од нивната партија, претседателот на Собранието Талат Џафери прими делегација соработници на Рамазан Кадиров на 70-годишнината од таткото на прорускиот лидер.

Сето ова се случи во Собранието на Македонија, највисоката законодавна институција на земја членка на НАТО, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците по информациите дека Џафери лани примил делегација на руската Чеченска Република.

„Се гледа дека луѓето на Кадиров и Џафери се прегрнати, иако овој се обиде да ја сокрие средбата со тоа што не ја објави на официјалната веб-страница на Собранието. Работите да бидат уште полоши, еден од соработниците на Кадиров, кој ги објави фотографиите, ја опишува војната од 2001 година како верска војна, додека на Џафери не му пречат споредбите со проруските команданти на Чеченија“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk