Променливо облачно време со слаби врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени, главно слаби врнежи од дожд, а на повисоките места на планините со повремен снег, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Повеќе врнежи ќе има во западните делови во вечерните и ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец. Температурата ќе достигне од 5 до 11 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд и температура до 7 степени.

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови од земјава. Утре вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари