logo
logo
logo

Промена на името, двојазичност, дуплиран јавен долг - Илија Димовски укажува 25 „ПЛОДОВИ“ на Шарената Револуција

Vecer | 17.05.2022

Промена на името, двојазичност, дуплиран јавен долг - Илија Димовски укажува 25 „ПЛОДОВИ“ на Шарената Револуција

Шарената револуција беше проект за рушење на легитимно избрана власт, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во 25 точки ги набројува плодовите на Шарената револуција. Димовски посочува дека  дел од тие цели се промената на името и идентитетот, редефинирање, двојазичност, стопирање на странските инвестиции, дуплирање на јавниот долг, давање пасоши на криминалци итн.

Тој потенцира дека оваа  власт направи големи штети и време е да си оди.

„Покрај тоа како гратис продукти добивме…

  1. Редефинирање и поделба на два дела на македонскиот народен идентиет, со согласност од власта.
  2. Откажување од пресудата на Меѓународниот суд во Хаг.
  3. Откажување од признавањето под уставното име на Република Македонија од околу 140 држави.
  4. Имплементација на двојазичност скоро на сите нивоа на државата.
  5. Прифаќање на “заедничка историја” со Република Бугарија.
  6. Запирање на скоро сите странски директни инвестиции.
  7. Дуплирање на јавниот долг.
  8. Запирање на сите капитални инвестиции (автопати, болници, клинички центар, факултети, спортски сали,…).
  9. Пад на квалитетот на универзитетите за околу 700/800 места на меѓународните скали.
  10. Намалување на бројот на вработените во индустријата, а зголемување во државната и јавна администрација.
  11. Една од најголемите смртности во светот во време на пандемијата.
  12. Издавање на пасоши на белосветски криминалци од највисок ранг.
  13. Пад на довербата во судството и обвинителството на 3%, односно 2%.
  14. Скоро непостоечки Парламент без ниту една надзорна расправа за контрола над извршната власт.
  15. Претседател на држава кој комотно и без грижи одбил интегрирање на Република Македонија во Европската Економска Зона.
  16. Држава магнат во производството на марихуана во европски размери.
  17. Фонд за иновации, Ковид мерки, закони за поддршка со кои се финансираат компаниите на “своите” луѓе.
  18. Држава во која не се одговара за над 70 живи изгорени луѓе.
  19. Трговија и киднапирање на пратеници за опстанување на власта.
  20. На половина намалено домашно производство на електрична енергија.
  21. СЈО како инструмент на власта за политички притисок врз опозицијата и бизнис притисок врз стопанството.
  22. Укинати сите мерки за демографска политика.
  23. Зголемување на бројот на министерствата, државните институции и воведување на заменици директори во сите јавни претпријатија.
  24. Зголемување на даноци, акцизи, придонеси за пензиско, за здравствено осигурување, давачки, трошоци, патарини, пара-фискални трошоци.
  25. Изгубена шанса за целосна интеграција во ЕУ во следните 20 години.

Во еден здив толку ми текна, слободно дополнете.

П.С. Сите имаме познаници, пријатели кои мислеа дека прават добро учествувајќи во Шарената револуција. Денес сум сигурен дека знаат дека згрешиле. Е токму тие ја имаат најголемата лична одговорност да помогнат да се сруши оваа власт.

П.П.С. Очигледно имаше причини за рушење на претходната власт, но да бидеме искрени, штетите што новата власт ги направи се многу, многу пати поголеми. Време е да си одат“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk