СТРУМИЦА

ПроКредит банка во некогашен хотел Српски краљ

ПроКредит банка свечено ја отвори новата експозитурата во Струмица, лоцирана во еден од најубавите објекти со културно значење од 20-тите години на минатиот век, познат како Стара Нама.

Оваа значителна инвестиција во износ од околу 1 милион евра значи втемелување и зацврстување на ПроКредит банка во Струмица. Горди сме што успеавме да го реставрираме овој значаен културен објект во неговиот оригинален лик, да му ја вратиме вистинската убавина и да го зачуваме културното наследство. Веруваме дека ПроКредит банка во Струмица ќе биде значаен финансиски центар за жителите на градот", изјави Јованка Јолеска - Поповска, генерален директор на ПроКредит банка.

Честа да ја пресече лентата и свечено да ја отвори експозитурата и припадна на македонската и светска фудбалска ѕвезда, Горан Пандев.
Објектот Српски краљ во 1925 го купил војводата Илија Кацарски од с. Босилово, Струмичко, кој го купил местото со намера да гради дуќани. Но, наместо дуќани, со поддршка на неговиот пријател Жико Лазиќ, кој во тоа време бил влијателен човек и градски пратеник, почнува да гради објект од тврда градба со подрум, приземје, кат и поткровни простории. За кратко време објектот бил изграден и функционирал како хотел на двата ката.

Со договор за купопродажба на недвижен имот во 2008 година ПроКредит банка го откупи објектот, каде што сега се наоѓа банката, за што доби одобрение од Министерството за култура.

(В.М.Б.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари