logo
logo
logo

Прокиснал покривот на скопската МОДУЛАРНА инфективна клиника, поради опасност од хаварија пациентите се преселени

Vecer | 19.10.2021

Прокиснал покривот на скопската МОДУЛАРНА инфективна клиника, поради опасност од хаварија пациентите се преселени

Модуларната болница пред инфективна е под клуч. Од клиниката за МИА објаснуваат дека објектот е затворен превентивно, бидејќи забележале капки вода, кои во ниту еден момент не биле во допир со електричната инсталација.

И од Инфективна клиника и од Министерството за здравство ја потврдија информацијата дека минатата недела е затворена модуларната болница, каде имало 20 тина пациенти.

„Точно е дека прокапа од дождот, ја испразнивме, дезинфициравме внатре и сето тоа ќе се санира. Дел од пациентите се префрени на Инфективна клиника каде што имаше слободни места дел се на Институтот за ТВЦ“, изјави за ТВ24, д-р Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=ebCnYk2LgB4&t=3s[/embed]

„Во модуларната болница до Инфективната клиника нема сместено пациенти. Дваесетина пациенти кои биле сместени во неа се префрлени во самата болница и во ТБЦ за да не им пречат на активностите преземени за поправка на мал дел од кровот на модуларната болница“, велат од Министерството за здравство.

На инфективна се хоспитализирани 87 пациенти, а има капацитет од 100 болнички кревети. Модуларната пак, како помошно инфективно одделение раполага со 70 болнички легла. Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затварање на модуларната болница, потенцира раководството на клиниката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk