logo
logo
logo

Програмерите повторно најплатени во Македонија

Vecer | 21.07.2021

Програмерите повторно најплатени во Македонија

И повторно програмерите со највисоки, а текстилните работници со најниски плати.

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, на врвот, со највиски примања убедливо се програмерите.

Тие земаат во просек над 72.000 денари, што е раст за 10 отсто во однос на истиот период минатата година. Веднаш зад нив се вработените во фармацијата, каде просекот е над 47.000 денари.

Следни се лицата кои работат во финансиските дејности, телекомуникациите, воздухополовниот транспорт, управувањето со отпад и управувачки дејности.

Најмали се платите во текстилната индустрија. Во секторот  производство на текстил просечната плата е над 22.600 денари, а кај производството на облека над 17.500 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk