logo
logo
logo

ВИДЕО

Афера „Профитер“: Шилегов исплаќа милионски суми на наместени тендери

Vecer | 26.09.2021

Афера „Профитер“: Шилегов исплаќа милионски суми на наместени тендери

По аферата „Дивоградба“ – градба без документи на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на семејната зграда, по аферата „Водовод“ – градење и градежен зафат на водовод без потпишан договор следува аферата „Профитер“. Сето ова ги дава контурите за идна опсежна истрага на Јавното обвинителство за тоа како скопски градоначалник за четири години зголемува луксуз и свој имот за речиси половина милион евра, рече на денешната прес-конфереција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковси и најави дека од денеска стартуваат со серија на прес-конференции под едно име – „Профитер“.

- „Профитер“ е скандал којшто води до тоа дека за финансиска корист, мрсни тендери се добиваат во полна проценета цена, без намалување, без конкуренција, без економско негативно наддавање, тендери добиени на левел со нереална проценета вредност од Град Скопје.

Ова е невозможно во слободна економија, и е невозможно доколку некој дебело не профитира. Аферата „Профитер“ ќе покаже огромна веројатност за местење на тендери, бидејќи е невозможно да нема заинтересирани фирми за толку економски големи тендери. Невозможно е да нема економско наддавање, лицитација за земање на работата. И трето, невозможно е да бидат постигани суми кои што се идентични на оние проценетите, бидејќи примери кои што ќе ги изложиме докажуваат дека при силна конкуренција, проценетата вредност на тендерот, на договорот може да падне дури и десет пати! Така се се сведува на едно - Шилегов исплаќа милионски суми од Скопје на наместени тендери, рече Стоилковски.

Тој нагласи дека некој дебело профитирал од тендерите за изведување на градежни работи за Град Скопје! Профитирал на сметка на градската каса. Профитирал на сметка на слободната економија. Профитирал на штета на компании коишто можеби не сакале да поделат дел од колачот, за да добијат тендер!

А рече и дека за сето ова обвинителството ќе има полни раце работа.

- Во 2018-тата година, за тендер „изградба, одржување и реконструкција на вело патека“ со проценета вредност од Град Скопје на цели 27 милиони 800 илјади, се пријавиле 11 учесници - градежни фирми.  При тој тендер во 2018 – та година дури 42 пати е намалувана цената преку електронско наддавање - и тоа довело овој тендер да биде платен 1,5 милиони. Значи од 27,8 милиони проценета вредност, да биде потпишан договор по електронското надавање нели онаа форма на слободна економија, на само 1,5 милиони. И така се работи во слободна економија, така се работи во демократија - 11 конкуренти, се борат за работа, 42 пати е намалувана цената.

Но, се потоа, 2019, 2020, па и оваа 2021 година кога економијата почнува да тоне, тендерите на Град Скопје, за чудо, милионски тендери, наеднаш не биле интересни за наддавање, и за чудо, цените на договорите стануваат идентични на проценетата првична вредност од Град Скопје. И тоа продолжува и оваа година, кога во услови на колабирана економија, нема интересенти за тендер вреден една милијарда, 141 милион денари! Две фирми се пријавени, нема борба за цена, проценката и договорот речиси идентични.

Се е помал е интересот на фирмите, престануваат наддавањата, трката со цените! Милионските тендери стануваат неинтересни за работа, а крајните договори се речиси идентични на првичната проценета вредност. Тоа води само кон едно: Шилегов, исплаќа милионски суми на наместени тендери!

Примерот од 2018-та покажува постапка, со 10-тина учесници на тендерите, со 30- 40 пати намалувана цена на електронска аукција и со намалување на првичните цени и до 50% од она што првично го понудуваат фирмите кога се пријавуваат на тендер пред да почне она негативно наддавање.

Веќе во втората половина на 2019 и цела 2020 и тековната 2021 тендерските постапки ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ се сведуваат и упатуваат на можно диригирање на фирмите, дали воопшто смеат да излезат на слободниот пазар и дали смеат да се борат да обезбедат работа за своите вработени? Тендери од милионски суми со само 1 или пак можеби 2 фирми и со само едно или ниедно намалување на цените при она електронско наддавање?

Прашањето е дали и кој диктира кој тоа смее да се јави на тендер, или кој да не се јави на извесен тендер распишан од град Скопје? А, сето тоа има големи финансиски импликации на буџетот на грбот на граѓаните на град Скопје.

Наместо намалени цени до 50% од понуденото, Петре Шилегов исплаќа суми за цени кои воопшто не се намалени или се намалени чисто 1% до 2%.  Шилегов плаќа милионски тендери за кои градежни фирми „магично“ губат интерес за работа. Шилегов исплаќа милионски суми на наместени тендери, нагласи Стоилковски и појасни дека аферата „Профитер“ треба да покаже како тоа наеднаш за тендери со висина од 2, 3, 5 па и 20 милиони градежниот сектор „магично“ снемува интерес и не се бори на пазарот, основно начелото на секоја слободна економија и основно начело на постоење на градежните компании, на постоење на фирмите.

- Скандалот „Профитер“ ќе покаже јасни индиции за местени тендери заради што штета трпи буџетот, државата, граѓаните, а некој дебело профитира. „Профитер“ ќе даде јасни насоки за работа на Јавното обвинителство. И на крај „Профитер“ можеби ќе ја даде најјасната слика како градоначалник на Скопје со административна плата зголемува луксуз и свој имот за речиси половина милион евра.Нема ништо полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!, заврши Стоилковски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=-wyXOxqzBXU[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk