Изучувањето на историјата и посебниот предмет историја придонесува за негување на националнит идентитет, почитување на иситиот, важна е за да се разбере важноста на самата историја, рече Никола Минов.

Минов кој е професор на Филозофскиот факултет ова го истакна  на денешната јавна расправа на тема реформа во образованието што се одржа во Собранието.

Тој се осврна на кажувањата на минситерката за образование, Мила Царовска дека спојувањето или укинувањето на предметот историја е коинциденција што се случува во период кога има проблеми со Бугарија на темата посебност на македонскиот јазик, идентитет.

-И да се работи за несреќна коинциденција, еве да прифатиме дека е така, сепак за вакви реформи не може вака да се прави, не може вака да се постапува, рече професорот Минов.

Тој укажа дека миниситерството ги отфрла сите ставови на компетентните институции како Институот за историја при Филозофскиот факултет, Институот за национлна историја, МАНУ.

-Ставовите на овие институции дека предметот треба да биде посебен и историјата да се изучува посебно наиде на ѕид кај надлежните, рече Минов.

Професорот Минов се осврна и на наоди до кои дошле група на професори по историја во истражувањето спроведувано неколку месеци.

-Се ова што ќе го кажам се официјални информации, информации од минситерствата за наука на соодветните земји. Или во 20 од 27 држави во ЕУ историја се изучува како посебен предмет во основното образование. Во Финска се изучува 4 години, исто во Грција, во Шведска се учи историја 5 години во текот на основното образование 5 години…

Во Бугарија на пример предметот е  историја и цивизлизација случајно или не не знам. Кај соседите, во Србија е задолжителен предмет во четири од  8 одделенија,  во Албанија во четири од девет одделнија во основното, посочи професор Минов.

Според него сите овие земји укажуваа на важноста на изучување на историја пред се за „негување на националниот идентитет, почитување на иситиот, за да се разбере важноста на историјата на државата“.

Профеорот на крај од своето обраќање апелираше до надлежните.

-Послушајте ги попаметните во Европа дека историјата треба да е самостоен предмет и консултирајте ги надлежните во државава, кажа Минов.