logo
logo
logo

Професор Трајковски: Македонските навивачи кои беа во Романија се ризична група, таму има 22 случаи на индискиот сој на коронавирусот

Vecer | 20.06.2021

Професор Трајковски: Македонските навивачи кои беа во Романија се ризична група, таму има 22 случаи на индискиот сој на коронавирусот

Делта варијантата позната како индиски сој забрзано се шири низ Европа, но и во соседство, па прашање на време е кога покрај двата изолирани случаи, ќе влезе на голема врата во Македонија. Универзитеткиот професорот од Техничкиот факуктет во Битола, кој од почетокот изработува математичко-сатистички анализи, вели дека опасноста е околу нас, со оглед на се поголемата раздвиженост во летниот период, а како ризична група ги посочува македонските навивачите кои отпатуваа во Романија каде се секвенционирани 22 случаи, а ништо помала не е опсаноста Делта варијантата или Индискиот сој летово да допатува со дијаспората.

Делата сојот е секвенциониран во Грција со 10 случаи, Бугарија има еден, а за нас особено е значајно во време на Европско првенство со 22 случаи во Романија, пет во Словенија, а во останатите балкански земји нема секвенционирани случани. Но, да не се залажуваме, Србија крена раце од секвенционирање уште од април, така што не знаеме која е вистинската состојба во Србија, вели проф. д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, за „Телма“.

Иако летните температури не се поволни, опасноста може да дојде есенва.

Иако моментално временските прилики не годат на преносливоста, но ако еднаш влезе во Македонија тој тука ќе остане до првите есенски денови, а тогаш со зголемување на преносливоста постои гоем ризик од нов бран, со оглед на малата стапка на примени дози и прележаност, се разбира, вели Трајковски.

Според Трајковски, иако процесот на примање дози е забавен поради недостиг на дози Македонија се уште има време да спречи есенски бран со кататсрофални последици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk