logo
logo
logo

Продолжен притворот на велешанката Пале

Vecer | 27.11.2021

Продолжен притворот на велешанката Пале

Нови 30 дена притвор за младата велешанка Пале И. (23), чиј случај во септември ја потресе Македонија. Причината за продолжувањето на притворот е што нема готови резултати од вештаците, за „Фокус” откриваат роднини на велешанката. Младата девојка заврши зад решетки, откако 40-годишниот полициски службеник Александар Р. со кого живеела во вонбрачна заедница ја фатил за врат и започнал да ја дави, по што таа го избодела со нож. Самата повикала Итна помош, а медицинската екипа констатирала смрт кај полицаецот, со прободување со нож во граден кош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk