logo
logo
logo

Трипуновски

Продажбата на земјоделско земјиште ЌЕ СОЗДАДЕ НОВИ ОЛИГАРСИ

Vecer | 14.05.2021

Продажбата на земјоделско земјиште ЌЕ СОЗДАДЕ НОВИ ОЛИГАРСИ

Класична распродажба на македонското земјоделско земјиште ќе биде создавање на нови олигарси, вели Цветан Трипуновски, од ВМРО-ДПМНЕ во Топ тема на Телма.

Трипуновски нагласи дека самиот закон има недостатоци кои што може да значат злоупотреба и манипулација со продажба на државното земјоделско земјиште, како и дека согласно членот 5 од законот се овозможува по истекот на 10 години истото да се продаде или да се пренамени во градежно земјиште.

Според него има многу скриени моменти во овој закон каде што се дозволува злоупотреба односно манипулација со ова наше природно богатство.

- Зборуваме за земјоделско земјиште кое што е необновлив извор. Членот 5 од Законот за земјоделско земјиште вели дека по истекувањето на 10 години истото може да биде продадено, дарувано, разменето, дадено под концесија за геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини и пренаменето во градежно земјиште. Тоа пластично значи дека ако некој си купи 10хектари државно земјоделско земјиште по овие багателни цени кои што се предвидено во законот, по истекот на 10 години кои што е премногу краток период и истото може да го продаде или да врши експлоатација итн, рече Трипуновски.

Според Трипуновски, никаде во законот не е предвидено ограничување за кое што министерот за земјоделство Аријанит Хоџа зборува.

- Ќе ми дозволете да го цитирам член 5, став 1 во кои се вели дека земјоделското земјиште во државна сопственост продадено согласно овој закон, не може  да биде продадено, дарувано, разменето, дадено под концесија, геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини или пренаменето во градежно најмалку 10 години од денот на склучување на овој договор за продажба. Што значи во тие 10 години имате ограничување, но после тие 10 години што правиме? И никаде во законот нема ограничување, што значи дека во другите закони во нашата држава каде што има ограничување се наведени согласно кои закони има ограничување, овде во овие 40 и неколку члена не видовме ограничувања дека тоа е забрането, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk