logo
logo
logo

Пробиени податоците на дел од граѓаните на сајтот за вакцинација

Vecer | 15.06.2021

Пробиени податоците на дел од граѓаните на сајтот за вакцинација

Дел од личните податоците на граѓаните пријавени за имунизација преку сајтот вакцинација.мк биле пробиени објавува Алфа телевизија.

Аматеризам или нечија злоупотреба, но податоците оставени на сајтот Вакцинација.мк не се безбедни.

Ова за Алфа ТВ го тврди човек кој вели дека за само седум минути без особени познавања од областа на ИТ технологијата, успеал да собере дури 140 документи со лични податоци од сајтот, единствени матични броеви, електронската книшка, видот на вакцината, каде и кога сте вакцинирани и други податоци од лична природа.

Вели дека, сакајќи да го преземе сопствениот сертификат за вакцинација, тој успеал за само неколку минути да влезе во системот и да оствари увид врз личните податоци кои што се наоѓаат на истиот.

Загрижен за безбедноста на податоците, човекот анонимно се обрати до Алфа, но ги достави документите кои ги обезбедил, за да алармира колку лесно може некој со минимални информатички познавања да упадне во системот со стотици илјади матични броеви и лични информации, особено ако се знае дека доколку тие паднат во погрешни раце можат да бидат злоупотребени објави Алфа.

На страницата Вакцинација.мк пишува дека контролор на личните податоци кои ги давате е Министерството за здравство, а дека самите ги одржуваат серверите и сите активности на веб страната, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализата на податоците кои се пренесуваат од посетата на веб страната.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk