logo
logo
logo

Приведени две скопјанки барани со потерница: Едната за ИЗМАМА, другата за затајување

Vecer | 18.10.2021

Приведени две скопјанки барани со потерница: Едната за ИЗМАМА, другата за затајување

Во населбата Ќерамидница денеска во 13:45 часот од слобода била лишена В.А.(55) од Скопје, врз основа на централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за спроведување на истражна постапка во врска со чл.247 од Кривичниот законик за „измама“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во 12:40 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги, на ул.„Народен Фронт“ ја лишија од слобода Г.К.(74) од Скопје за која биле распишана централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за истражна постапка во врска со чл.279 ст.2 од Кривичниот законик за „даночно затајување“, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk