logo
logo
logo

Приведени двајца разбојници кои ограбиле и повредиле момче на Кеј

Vecer | 02.10.2022

Приведени двајца разбојници кои ограбиле и повредиле момче на Кеј

Вчера попладне околу 18 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е.Д.(23) и Џ.И.(22), женско лице, двајцата од Скопје затоа што во 15:56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет.

По извршениот претрес кај пријавените пронајден е нож и пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk