logo
logo
logo

Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети

Vecer | 02.07.2022

Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети

Во петокот полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство, по претходно добиени сознанија дека кај 39-годишниот Б.Б. од селото Висока маала, општина Василево, има археолошки предмети кои се предмет на кривично дело по чл. 265 од КЗ „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, во координација со полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на патничко возило „опел вектра“ со струмички регистерски таблички, кое го управувал Б.Б..

Притоа се пронајдени  276 монети, три врвови од копје, 10 прстени, како и други предмети кои претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Б.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk