logo
logo
logo

Приведен криминалец од Арачиново, баран со меѓународна потерница

Vecer | 30.07.2021

Приведен криминалец од Арачиново, баран со меѓународна потерница

Денес во 6.45 часот, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – ОКР Кисела вода, Отсек за потраги, во содејство со Специјалната антитерористичка единица, во угостителски објект во с.Арачиново, лишен е од слобода С.Ј.(43) од с.Арачиново.

С.Ј. се барал по распишана меѓународна потерница и наредба издадена од Казнено-поправната установа Идризово, за доиздржување на казна затвор од 3 години, 5 месеци и 8 дена.

Тој бил осуден на затворска казна од вкупно 6 години и 6 месеци за меѓународна недозволена трговија со наркотици, во врска со чл.215 ст.3 од Кривичниот законик. С.Ј. ќе биде предаден во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk