logo
logo
logo

Приведен крадецот на уметнички слики, одреден ПРИТВОР

Vecer | 01.07.2022

Приведен крадецот на уметнички слики, одреден ПРИТВОР

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Центар полициски службеници од Полициска станица Центар го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје. За него била издадена локална потерница, поради постоење основано сомнение дека сторил две тешки кражби на уметнички слики од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје, извршени на 26 и 27.06.2022 година.

Дел од украдените уметнички слики се пронајдени и вратени на сопственикот. Е.Д. е задржан во Полициска станица Центар и во координација со Јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е  мерка притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk