logo
logo
logo

Притворено лицето што го запали македонското знаме

Vecer | 29.11.2024

Притворено лицето што го запали македонското знаме

Притворено лицето кое вчеравечер го запалило знамето на Македонија на скопските улици за време на прославата на Денот на албанското знаме, објави „НетПрес“

Според изворите на „НетПрес“ од истражните органи, лицето било експресно лишено од слобода од скопската полиција, и заедно со докази како го пали државното знаме на Македонија против него било поднесена кривична пријава, а му била изречена и мерка притвор во траење од 30 дена, по што осомничениот веднаш бил однесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Инаку, според Кривичниот законик на Република Македонија, за вакво кривично дело предвидена е затворска казна во траење од пет години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk