logo
logo
logo

Притвор за Тетовецот фатен со ХАМЕР полн со ДРОГА

Vecer | 14.04.2021

Притвор за Тетовецот фатен со ХАМЕР полн со ДРОГА

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Порој за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Тетово.

– Осомничениот, на 12 април, во преградата меѓу двете предни седишта на автомобил „Хамер“ со тетовски регистарски ознаки, неовластено држел 99,91 грама наркотична дрога кокаин, како и наркотична дрога марихуана со засега неутврдена маса, спакувани во повеќе помали пакувања. При претрес на автомобилот биле пронајдени и две мали дигитални ваги, информираат од тетовското обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk