logo
logo
logo

ПРИТВОР за креаторот и администраторот на „Јавна соба“

Vecer | 05.02.2021

ПРИТВОР за креаторот и администраторот на „Јавна соба“

На Д.К. и М.П., осомничени за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Тие денеска, како што информира Основниот кривичен суд, биле спроведени пред судија на претходна постапка.

– По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на сите основи од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП, односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело, наведува Судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk