logo
logo
logo

Стоиљковиќ

„Притисокот за Бугарите во Устав е како вишна врз шлагот на тортата, А ПОД ШЛАГОТ Е ПОСТАВЕНА МИНА“

Vecer | 24.03.2023

„Притисокот за Бугарите во Устав е како вишна врз шлагот на тортата, А ПОД ШЛАГОТ Е ПОСТАВЕНА МИНА“

Притисокот врз Македонија за ставање на Бугарите во Уставот е како „вишна врз шлагот на тортата а под шлагот е ставена мина и ние треба полесно да ја проголтаме“, вели претседателот на Демократската партија на Србите и пратеник во Собранието, Иван Стоиљковиќ во интервјуто за „Република“

Според него не се работи само за ставање на Бугарите во Устав, туку и за документите кои станаа дел од преговарачката рамка.

- Ако ги избришеме сите делови на преговарачката рамка утре може да ги ставиме Бугарите во Уставот, нема никаков проблем, рече тој.

Тој објаснува оти е јасно дека уставни измени нема да има и оти на следната влада останува да ја поправи штетата што ја направија СДСМ и ДУИ.

Настаните во Охрид покажаа дека таа преговарачка рамка не е света крава и дека може да има измени. И во нашиот случај суштината е иста. Ако успееме да спасиме 10-15 проценти од работите кои овие ги замачкаа, на коњ сме и како држава и како ѓраѓани. Затоа борбата не треба да престане, напротив треба да продолжи за да се издејстуваат какви било промени – убеден е Стоиљковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk