Германските експерти кои требаше да ја истражуваат несреќата во тетовската ковид болница, пристигнаа во Македонија.

Тимот треба да ги истражи причините и околностите за пожарот во модуларата ковид болница во Тетово денеска пристигна во државава, потврдија за МИА од Владата.

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, како што беше најавено претходно, е составен од четворица експерти и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Во пожарот што  избувна пред  една недела во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица