logo
logo
logo

Пристигна заразениот потполовник од Африка. Здравствената состојба му е добра

Vecer | 12.05.2021

Пристигна заразениот потполовник од Африка. Здравствената состојба му е добра

Утрово во Скопје од Африка пристигна припадникот на македонската армија кој е позитивен на Ковод-19, за што на својот Фејсбук профил извести министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ нз информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, напиша на Фејсбук министерката за одбара радмила Шекеринска.

https://www.facebook.com/46479180162/posts/10157646671995163/?d=n

Министерот за здравство Венко Филипче пред два дена посочи дека македонскиот државјанин со посебен лет ќе биде донесен во Македонија бидејќи во базата каде се наоѓал немало услови да биде лекуван.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk