М-р Стефанија Агротова, Факултет за детективи и криминалистика - ЕУРМ

Природните катастрофи низ призмата на циркуларната економија

На 7. Меѓународна научна конференција која се одржа на ЕУРМ беше презентиран трудот "Природните катастрофи низ призмата на циркуларната економија" на м-р Стефанија Агротова од Факултет за детективи и криминалистика при ЕУРМ

Во трудот на м-р Стефанија Агротова се објаснува дека природните катастрофи - поплавите, пожарите, земјотресите, циклоните спаѓаат во кризни ситуации кои предизвикуваат големи штети и оти во вакви ситуации примарната цел е спасувањето на човечки животи. Во трудот таа се обидува да даде одговор на прашањата како државата се справува со овој вид последици и како овој проблем можеме да го проучиме низ призмата на циркуларната економија.

- Се почесто сретнуваме организации кои се залагаат за рециклирање на отпадоци. Ниското ниво на свесност за рециклирање е многу сериозен проблем со кои се соочуваат државите. Но, со промената на климата на глобално ниво последователно ги гледаме негативните ефекти од природата. Природните катастрофи со или без влијание на човекот за нивно појавување се со катастрофални последици. Посебна улога во организирање на општеството при вакви видови на последици имаат државните институции, а најголемиот импакт го даваат институциите кои се задолжени за безбедноста на граѓаните, вели м-р Агротова.

Во трудот акцентот е ставен на природните катастрофи кои се закана за човештвото и се повеќе се чувствуваат. Како најважни точки на влијанието на климатските промени можеме да ги земеме: загрижувачките факти од повеќето природни катастрофи кои веќе ни се случуваат, зголемувањето на температурите можат во целост да ја свртат светската јавност, а тоа да го искористат терористите, понатаму следува нуклеарната моќ која го прави овој свет понесигурен и слично.

- Ова се само, за жал, малубројни примери кои, без сомнение, предизвикуваат големо внимание и веќе влијаат на меѓународната нестабилност. Влијанието на природните катастрофи може многу брзо да се случи во голем број градови во светот, се истакнува во трудот "Природните катастрофи низ призмата на циркуларната економија".

Свесни сме за природните катастрофи кои ни се случуваат и всушност ги живееме. Но, можеби не сме доволно свесни за конечно секој поединец да се грижи за животната средина. Секојдневните информации од страна на разни новинари, од експерти, од меѓународни научни панели очигледно не се доволни за започнување и дејствување на секој човек. Природните катастрофи веќе не се гледаат само низ призмата на закани за човечките колективи, туку и за државите и нациите.

Експертите тврдат дека сите подрачја од секојдневното живеење ќе имаат последици од природните катастрофи, само некои – посреќните кои за жал ќе бидат во многу мал број, нема до толку како останатите губитници да ги почувствуваат негативните ефекти, бидејќи влијанието на климатските промени е различно по региони. Тема број еден на сите институции одговорни за безбедноста и одбраната се природните катастрофи кои несомнено претставуваат закана за безбедноста.

- Концептот на циркуларната економија кој е дел од економскиот систем се насочува кон максимална употреба и реупотреба на ресурсите т.е. отпадоците од природните катастрофи. Оттука, од особена важност е имплементацијата на циркуларната економија, со што би се намалил негативниот импакт на природните катастрофи кон безбедноста, истакнува м-р Агротова во својот труд.

Иако станува збор на понов модел за раст на економијата по ова прашање кај нас се обидуваат да дадат одговор голем број граѓански активности, политичари, бизнисмени и професори. Целта на циркуларната економија е постигнување на социо-економска стабилност, што ќе доведе до побезбедна држава.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари