Во СЦ „Борис Трајковски“ утринава се имунизираа припадниците на АРМ, МВР, вработените во судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, како и медиумските работници со руската вакцина „Спутник В“ против Ковид-19.

Припадник на МВР колабирал по вакцинирањето. Од Итна помош за „Телма“ изјавиле дека станува збор за паника и исцрпеност кај полицаецот.

Министерот за здравство Венко Филипче пак, информираше дека во текот на вчерашниот ден двајца граѓани колабирале, но нивната состојба не се доведува во врска со вакцините.

-Во последниве неколку часа во А1 Арената, салата „Борис Трајковски“ се вакцинирани по околу 300 граѓани на час. Двајца граѓани имале колапс, кој не е поврзан со вакцинирањето, рече Филипче.