Како адвокатот на Саше Психопатико стана руски одработувач

Приказна за Македонците што работеле за руското КГБ, против Хилари

Kako репортерите на Базфеед и ОССРП открија дека адвокатот од Велес Арсов (патем, адвокат на квази новинарот Саше Ивановски од порталот Мактел) заедно со неговиот брат Панче ги објавиле првите политички сајтови во Велес за американскиот пазар кои се сметаат за руско влијание во американските претседателски избори пред две години.

Со увид во домејните за регистрација на Македонските политички сајтови, репортерите на Базфеед и ОССРП открија дека Арсов заедно со неговиот брат Панче ги објавиле првите политички сајтови во Велес – USAPoliticsToday.com беше објавен на 23 септември 2015 година. Објавувањето на овој сајт во Велес предизвика големи реакции и брзо по тоа почнаа да се појавуваат слични сајтови. Со тек на времето Арсови направија своја империја од приближно дузина сајтови и поврзани фејсбук страници – кои вкупно имаа преку 2 милиони следбеници. Овие страници беа оперативни и објавуваа вести се до овој април кога Фејсбук конечно ги затвори.

Репортерите со Арсов се сретнаа некаде кон средината на мај во лобито на хотелот кој се наоѓа спроти спомен домот на Мајка Тереза, во центарот на Скопје.

На почетокот Арсов негираше било каква поврзаност со овие сајтови, но откако беше соочен со документи почна да се отвара. Во серија на интервјуа кои се одржуваа лично, преку апликацијата Whatsapp и телефонски, тој постепено откриваше детали околу организацијата, кои вклучуваа информации за соработници од Велика Британија и САД. Овие информации пред објавувањето на сторијата беа потврдени од новинарите.

Арсов негира било каква поврзаност со пропагандната операција на Русија. Според Арсов се започнало во 2015 година, кога неговиот брат (викан Пане) му ја дал идејата. Со години Велес бил домаќин на мноштво сајтови кои објавуваа вирални стории за здрава храна, суплементи, автомобили, мотори и други теми. Дел од локалците кои учествувале во ова направија мали богатства преку онлајн рекламните сервиси како Google AdSense (платформа за рекламирање на сајтови преку рекламите на Гугл).Арсов вели дека неговиот брат во тој момент бил неработен и живеел од помошта на неговите родители сакал дел да биде дел од акцијата. Братот на Тале Арсов, Пане, вели дека прв пат слуша за некаква истрага и дека тој не е вмешан во ништо нелегално.

Тале вели дека браќата кусо време се обиделе да водат интернет сајт за автомобили, но многу брзо се увериле дека политичките портали особено оние кои се про-конзервативни многу подобро котираат.

„Ја следам македонската политика, политиката во САД и Русија", вели Тале. „Мојата идеја беше, ОК, би можел да почнеш со нешто поинакво, што не е здрава храна, автомобили, би можел да почнеш со политика".

И покрај тоа што Тале за себе смета дека е десничарско – либертаријански, тој вели дека неговиот прв обид на пазарот бил за текстови за либералите. Но, на Фејсбук, копирање и преработка на текстови за конзервативците била подобра бизнис идеја, вели тој.

„Ги дознавме имињата на групите во кои можеме да останеме подолго, каде нашите профили не ги отстранија, и беа поврзани со конзервативците, со Републиканците, со Трамп", вели тој. „Најдовме над 100 групи на конзервативците, а имаше само десетина за либералите".

Во интервјуто за нашите репортери, Арсов тврди дека неговите портали не објавувале лажни текстови, туку содржината во главно била преземена од мејнстрим конзервативни сајтови како Fox News, Breitbart, The Daily Caller, and the Washington Examiner.

„Јас сум против мејнсистрим медиумите кои се пристрасни кон демократите.

CNN и други, како и ABC се исто така пристрасни", вели Арсов.

Проверката на архивираните текстови на сега затворените страници, покажува изобилие на десничарски конспирации. Obama's Ex-Boyfriend Reveals Shocking Truth That He Wants To Hide From America, Putin to NWO Agents and Satan Worshipers: I'm Coming for You!, "HUGE Scandal – Chelsea isn't Bill Clinton's Daughter?"

Најмалку во еден наврат, сајтот реобјави информации од сатиричниот веб сајт The Onion, и ја презентираше како вистинска сторија.

Бројни стории кои претходно беа објавени ја фаворизираа Русија иако Арсов во интервјуата неколкупати одрече дека неговиот „издавачки бизнис" им било каква врска со Русија или било кој што би можел да работи како прокси за таа држава

Како што вели тој ја објавувал таа содржина затоа што тие вести биле достапни и луѓето сакале да ги читаат.

Веб страната USA Politics Today многу брзо стана успешно. Во Велес се прошири информацијата дека браќата Арсов нашле нова тема од која се прават пари. Набрзо, другарите на Пане почнале да отвораат свои политички веб страници. Според Арсов, еден од нив е и Орце Станковски кој претходно поминал шест месеци работејќи на фарма за свињи. Станковски ги направил страниците usapoliticsinsider.com и usadailypolitics.com. Други млади лица и тинејџери наскоро отворија свои сајтови за политиката на САД.

Станковски му ја спушти слушалката на нашиот репортер кога од него побаравме коментар за овој случај.

Меѓународни врски

Во пролетта 2016 Велес беше дом на таканаречената индустрија за политички веб страници ориентирани кон американските политики. За младите во една земја каде што просечниот приход е малку повеќе од 300 евра месечно, можноста да се заработат пари преку Google Adds Sense и други мрежи беше трансформативен момент. Се купуваа нови коли и се трошеле пари по локалните барови. Додека Пане се расфрлал со пари низ градот, Тале тивко ги менаџирал сајтовите и градел стабилна инфраструктура за нови брендови. Профитите растеа, а браќата не губеа време за да ги трошат парите. Во 2016 година Пане и Тале двајцата патувале засебно во Тајланд, а од тие патувања се постираа и слики на социјалните мрежи.

До 2016 година Тале, исто така, создал и нов контакт – тој вели дека започнал да се допишува на Фејсбук со Бен Голдман, американски писател и издавач кој заедно со неговиот партнер Парис Вејд, ја основале Liberty writers news, хиперпартиски конзервативен сајт базиран во САД. Оваа двојка ќе доживее слава кон крајот на 2016 година во ноември кога Вашингтон Пост ќе им направи профил портретирајќи ги како дезинформаторски платеници кои се богателе преку ширење страв и гнев. Вејд денеска е кандидат од страна на американските Републиканци за Невада, државниот сенат. Арсов и Американците, Голдман и Вејд, ги менуваа своите изкази коа беа иницијално соочени со докази.

Кога прв пат Вејд беше контактиран преку телефон, на нашиот репортер му рече: "Не знам ништо за врски со македонски издавачи". Подоцна Голдман достави пишана изјава со која го призна партнерството со Арсов. Арсов првично рече дека за Голдман и Вејд дознал од профилот направен во Вашингтон Пост. Тој рече дека единствена врска меѓу нив било тоа што преземал неколку текстови од Алекс, братот на Парис Вејд. По двенеделни конктаки и интервјуа, Арсов ја откри нивната екстензивна соработка. Арсов рече дека Голдман го замолил да помогне да се запрат другите македонски издавачи бидејќи краделе многу текстови од Либерти Врајтерс. Тој рече дека како адвокат им испраќал и писма на другите издавачи на сајтови од Велес. Како и да е, изјавата на Голдман го демантираше ова.

„Никогаш не сме барале правни услуги од него. Нашата релација беше строго новинар кон новинар", рече Голдман.

И Арсов и Голдман рекоа дека врската започнала кога почнале да споделуваат содржина на своите фејсбук страници, тие на нивните, Арсов на неговите. Оттаму, врската се продлабочувала. Помеѓу летото 2016 и јанауари 2017 година, Вејд напишал повеќе од 40 текстови за македонскиот сајт на Арсов USA politics today. Неговиот брат Алекс за истиот сајт напишал најмалку 670 текстови користејќи го псевдонимот Александер Варен.

Преземено од ОССРП

Поврзани

Најнови вести

Коментари