logo
logo
logo

Пријава за охриѓанец, изградил куќа без одобрение за градба

Vecer | 25.02.2021

Пријава за охриѓанец, изградил куќа без одобрение за градба


Полицијата поднесе кривична пријава против 55-годишен охриѓанец за бесправно изградена куќа.

Според информациите на МВР, против Б.К.(55) од Охрид е поднесена пријава за кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот, во својство на  инвеститор, во текот на 2020 година на ул,,Железничка” во Охрид, без одобрение за градба издаден од надлежен орган, изградил куќа. Од страна на овластен градежен инспектор од општина Охрид донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ја отстрани градбата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk