logo
logo
logo

Превозниците најавуваат ослободување на раскрсниците И ПРОТЕСТ САМО ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ

Vecer | 08.12.2022

Превозниците најавуваат ослободување на раскрсниците И ПРОТЕСТ САМО ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ

Приватните превозници најавуваат дека ќе ги тргнат автобусите од раскрсниците и ќе протестираат само пред Град Скопје.

„Бесот се повеќе се фокусира кон главниот виновник за состојбата,  а тоа е управата на Град Скопје. Се стеснува кругот и на виделина излегува кој е крив за оваа ситуација и затоа е можно фокусот на протестите и блокадите да биде само пред Град Скопје“, рече Кемал Муриќ, раководител на секторот сообраќај и контола во „Слобода превоз“.

Приватните превозници во сабота ќе имаат координативен состанок на кој ќе се донесе одлука за понатамошното делување.

Тие четврти ден ги блокираат клучните крстосници во Скопје, кај Црвен крст, ТЦ „Мавровка“ и Илинденска кај Влада, и бараат Градот да им го исплати долгот од 1,5 милиони евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk