logo
logo
logo

Превирања во ДОМ: Изгласана недоверба на Петровска и Богдановски за подпретседателските позиции

Vecer | 16.05.2021

Превирања во ДОМ: Изгласана недоверба на Петровска и Богдановски за подпретседателските позиции

Актуелната директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, и пратеникот Мирослав Богдановски, двајцата членови на партијата ДОМ, од денеска останаа без партиските функции.

На денешната седница на Централниот одбор на партијата, со мнозинство гласови, им е изгласана недоверба, со што Петровска и Богдановски ги изгубија позициите потпретседатели и членови на Извршниот одбор.

Недоверба е изгласана и за Јасмина Пакашки како член на Извршниот одбор. Причината, како што наведуваат од ДОМ, е нелегитимна иницијатиза за одржување вонреден партиски конгрес.

„Во духот на демократијата и транспарентноста, Централниот одбор ја разгледа нелигитимната иницијатива за одржување вонреден конгрес на ДОМ. Мнозинството членови на Централниот одбор едногласно ја отфрли иницијативата, со образложение дека нема потреба од одржување на вонреден конгрес. Членовите истакнаа дека сега фокусот на ДОМ треба да биде подготовка за претстојните локални избори, а не задоволување на лични интереси на поединци. Со мнозинство гласови, членовите на ЦО изгласаа недоверба кон: Ана Петровска и Мирослав Богдановски на функциите потпретседатели и членови на Извршен одбор на ДОМ, и Јасмина Пакашки на функцијата член на ИО на ДОМ“, соопштија од партијата доцна вечерва.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk