logo
logo
logo

Претседателот Пендаровски со апел да се протестира достоинствено и без насилство

Vecer | 07.07.2022

Претседателот Пендаровски со апел да се протестира достоинствено и без насилство

Претседателот Стево Пендаровски упати апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Северна Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство. Истовремено, како што е наведено во соопштението од неговиот Кабинет, најостро го осудува носењето и користењето на огнено оружје од цивили и граѓани на земјава, кои не се припадници на органите за безбедност. -Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели. Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани, истакнува Пендаровски. Вчера полицијата, како што вели претседателот Пендаровски, имаше навремена реакција која спречи поголеми судири. – Очекувам сите лица кои вчера беа инволвирани во инцидентот да бидат приведени и соодветно санкционирани во најкус можен рок, нагласува Пендаровски.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk