logo
logo
logo

Претседателот Пендаровски имаше телефонски разговор со Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг

Vecer | 26.03.2021

Претседателот Пендаровски имаше телефонски разговор со Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг


По повод годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО, претседателот Стево Пендаровски денеска имаше телефонски разговор со генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Во разговорот двајцата соговорници разменија мислења за улогата на алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, за регионалната стабилност и за надворешнополитичките приоритети на Република Северна Македонија.

Во тој контекст претседателот Пендаровски изрази благодарност за поддршката што земјата ја добива од Канцеларијата на НАТО за безбедност во процесот на сертификација на официјалните лица во државата за кои се побарува НАТО-безбедносен сертификат. Двајцата соговорници се согласија дека тоа е исклучително важен процес и дека тој треба да продолжи во сите неопходни сегменти, витални како за безбедноста на Република Северна Македонија така и за безбедноста на алијансата.

Истовремено, претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната помош во справувањето со последиците од пандемијата на Ковид-19 посочувајќи дека солидарноста и поддршката на сојузничките земји е неопходна за надминување на новите реални предизвици со кои се соочуваат Европа и светот.

Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски ги реафирмира подготвеноста и посветеноста на Република Северна Македонија во промовирање на мирот и стабилноста истакнувајќи дека земјава и во иднина активно ќе придонесува во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО во регионот и пошироко. Северна Македонија, додаде претседателот Пендаровски, останува целосно посветена на реформите во одбраната и во безбедноста во согласност со стандардите на НАТО.

Двајцата соговорници разговараа и за документот „НАТО 2030“, кој треба да ја одреди иднината на НАТО, во кој од март минатата година и ние сме полноправна членка.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk